1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шап и лигавка во Велика Британија

5 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQ7R

Во јужна Англија изби вирус на шап и лигавка. Според властите предизвикувачот на болеста потекнува од медицинска лабараторија за испитување на животни. Како што соопшти британското министерство за стопанство вирусот отркиен кај 60 говеда е идентичен со ќелиите создадени за да се направи серум за вакцина во лабараторија одалечена само шест киломтери од фармата. Фирмата веднаш го сопре производството. Нови случаи на високо зарзната болест не се откриени. Властите наредија да бидат заклани сите животни на фармата како и некои од соседните фарми. Воведена е и забрана за извоз во сите земји каде што извезува Врлика Британија. Забраната се однесува на живи и заклани животни, месо и млеко и важи за говеда, овци и свињи.