Шансите за почеток на преговори со Брисел се добри
1 февруари 2008Реклама
Рупел водеше разговори со својот македонски колега Антонио Милошоски,а ќе разговара и со државниот врв, ќе се сретне со макеоднскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевески и претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.
Препораката на Рупел гласи: почитување на начелата - единствени, солидарни и флексибилни, принципи кои Европа многу ги почитува. На прашањето зошто март е доцна за решение за спорот со името со Грција, Рупел одговори дека не знае дали е предоцна, но во април треба да бидат донесени важни одлуки, тој посакува Македонија да стане членка на НАТО.