1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шалке прв, Баерн како да се збогува

19 март 2007

Во германското фудбалско првенство практично само уште две екипи се борат за титулата: Шалке и Вердер. Баерн со нов пораз и нови грижи. Титулите во машка и женска конкуренција во бијатлон за оваа сезона во германски раце. Кими Раиконен, убедлив победник на првата трка во новата сезона на Формула 1.

https://p.dw.com/p/AegP
Шалке го доби дербито против Штутгарт
Шалке го доби дербито против ШтутгартФотографија: AP

Веројатно на крајот од сезоната ќе може да се каже дека 26-тото коло беше решавачкото за исходот на трката по титулата, зашто битката на четворица за германската фудбалскакруна, сега стана дуел Шалке го доби дербитопротив Штутгарт со 1 спрема 0, Вердер го победи Мајнц со 2 спема 0, а Баерн загуби од Франкфурт со 1 спрема 0. Тенер на Баерн Отмар Хицфелд:

„Не успеавме денеска ги освоиме овие за нас многу важни бодови. Бевме надмоќни на теренот, имавме повеќе удари на голот, но на крајот се радуваше противникот„.

Фудбалерот на Баерн Марк ван Бомел:

„Не се предаваме„.

Бомел и натаму е оптимист, но бројките покажуваат друго: Баерн сега има девет, а Штутгарт седум бода помалку од Шалке. Во трката се уште е Вердер кој има само три бода помлаку од водечкиот. Тоа сепак, не е причина за тренерот Томас Шаф да биде еуфоричен:

„Мора да сме стрпливи. Веројатно само си ја отежнавме работата„.

Но, да не го запоставиме водечкиот Шалке. Неговиот тренер Мирко Сломка веќе го продолжи договорот за уште една сезона што веројатно внесе малку мир во редовите на екипата:

„Ова секако не беше нашиот најдобар натпревар, но ние загубивме и подобри игри, а овојпат победивме во полоша. Најважно е што трите бода се наши„.

На опашката голема турканица: Мајнц е 13-ти, но има само три бода повеќе од местото што води во Втората лига. Бохум загуби во Волфсбург со 3 спрема 1, е сега е 16-ти. Зад него е Билефелд кој исто така загуби од Ахен со 2 српема 0, а фенерџија останува Борусија од Менхегладбах која синоќа загуби од Баер Леверкузен со 1 спрема 0 со гол во 92 минута. Баер така се искачи на петтата позиција што води во купот на УЕФА.

Изненадување претставува поразот на Берлин кој исто така се бори за место што води на меѓународната сцена: загуби дома од еден од борците за опстанок – Котбус – со 1 спрема 0.

На табелата води Шалке со 53 бора, три повеќе од Вердер. Трет е Штутгарт со 46, а четврти Баерн со 44.

Од другите спортови:

Бијатлонските титули во машка и женска конкуренција за оваа сезона се во германски раце. Тројниот олимписки победник Михаел Грајс е победник и на светскиот куп годинава пред најлутиот противник, Норвежанецот Оле Ејнар Бјорндален. Во женска конкуренција титулата замина во рацете на Андреа Хенкел која освои само 7 поени повќе од нејзината сонародничка Кати Вилхелм.

За германските спортисти успешно започна и светското првенство во пливање во Австралија. Во првата трка на пет километри Томас Лурц ја одбрани титулата и се закити со златниот медал.

Австралија беше домаќин и на првата трка во Формула 1 во годинашнава сезона. Убедлив победник беше Финецот, Кими Риконен кој годинава настапува за Ферари, на местото на седумкратниот светски првак Миахел Шумахер. Второто место му припадна на актуелниот светски првак Фернандо Алонзо кој годинава вози за Мекларен Мерцедес, а трет беше неговиот клубски колега Луис Хмилтон, дебитант на овие натпреварувања кој уште во првата трка обезбеди место на победничкиот пиедестал, Најдобар Германец беше Ник Хајдфелд во БМВ – Заубер кој стигна четврти.