1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шалке поразен, Вердер победи

25 октомври 2007

Во синоќешните натпревари во Лигата на шампионите, германските клубови со половичен успех: Шалке загуби од Челзи, Вердер го совлада Лацио и ги задржа шансите за продолжување на напреварите:

https://p.dw.com/p/BwMS
Екипата на вердеровецот Диего ги задржа шансите за пласман во наредната рундаФотографија: AP

Фудбалерите на Бешикташ и Розенборг со синоќешните победи над Ливерпул, односно Валенсија, ги направија најголемите изненадувања во третото коло на Лигата на шампионите. Бешикташ успеа да ја постигне првата победа во групата А, откако дома го победи Ливерпул со 2 спрема 1. Норвешкикот Розенборг успеа дома да го совлада шпанскиот тим Валенсија со 2 спрема 0, во групата БЕ. Во истата група Челзи беше подобар од германскиот Шалке и победи со 2 спрема 0. Играчите на Реал од Мадрид во групата ЦЕ со доста мака го победија непријатниот Олимпијакос со 4 спрема 2. Актуелниот шампион Милан во групата ДЕ сигурен на домашен терен: жртва беше украинскиот Шахтјор – 4 спрема 1. Вториот германски клуб, Вердер на домашен терен го победи Лацио со 2 спрема 1 и ги задржа шансите за пласман во наредната рунда. Олимпик од Марсеј и натаму е без пораз: синоќа одигра нерешно против Порто 1 спрема 1. Фудбалерите на Бенфика беа подобри од Селтик за еден гол. По групи водат: во А Олимпик Марсеј, во БЕ, Челзи, во ЦЕ Реал Мадрид и во ДЕ Милан.

Во купот на УЕФА вечер во Белград интересен натпревар: Црвена ѕвезда го пречекува минхенски Баерн во првото коло од натпреварите по групи.