1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шалке го совлада грчки ПАОК

ЖА/дв28 август 2013

Фудбалскиот тим од Гелзенкирхен сепак успеа да освои победа над грчката екипа ПАОК Салоники во лош, но сепак неизвесен натпревар и сега е во групната фаза на Лигата на шампиони.

https://p.dw.com/p/19XpN
Фотографија: Bongarts/Getty Images

120 навивачи на Шалке отпатуваа во Солун за да го бодрат својот тим против ПАОК Салоники во натпревар кој беше важен како спортски, така и финансиски. Нивната страст кон моментно неуспешниот клуб беше наградена: ФЦ Шалке 04 во плеј оф натпреварот, по нерешениот резултат во првиот натпревар, успеа да избори победа од 3 спрема 2, полувреме 1 спрема 0.

„По последните недели не можевме да очекуваме некој волшебен фудбал, но со напори ја достигнавме нашата цел“, изјави голманот Јулијан Дракслер.

„Самите си го отежнуваме животот се‘ повеќе“, убеден е тренерот Јенс Келер, со тоа мислејќи на високиот број примени противнички голови во меѓународните и во националните натпревари. Овој натпревар за Шалке беше важен и од финансиски аспект. Со стигнувањето во групната фаза, тимот од Гелзенкирхен може да смета на приходи од 20 милиони евра, кои му се важни за намалување на долговите.

Во Солун се играше пред празен стадион. На навивачите на ПАОК не им беше дозволено да ја следат играта, зашто со таква мерка УЕФА реагираше на големите испади на грчките навивачи. И покрај тоа, на 20 ВИП-навивачи им успеа да влезат на теренот, па со 120-те навивачи на Шалке да придонесат барем малку за разбивање на непријатното чувство од празните трибини.