1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чувар на човековите права

8 декември 2008

За да се почитуваат човековите права ширум Земјината топка, потребен е некој кој ќе опоменува и чува. Во системот на Обединетите Нации тоа пред се’ е во надлежност на Високиот комесар за човекови права.

https://p.dw.com/p/GA5D
Нов висок комесар на ОН за човекови права: Јужноафриканката Наванетем ПилајФотографија: AP

Позицијата на Висок комесар за човекови права во изминатите години честопати беше резервирана за силни жени: Мери Робинсон од Ирска и Луис Арбур од Канада не пропуштија ниту еден конфликт со деспотите и диктаторите од целиот свет, во поглед на човековите права. На чело на Високиот комесаријат во Женева, во Швајцарија од јули 2008 година, е јужноафриканската судијка и експертка по меѓународно право Наванетем Пилај. Како најзначајна заштитничка на човековите права во Обединетите нации, таа со своето влијание во јавноста може да го сврти вниманието кон состојбите на човековите права.

Бројни надлежности

Службата со која раководи Наванетем Пилај е основана по предлог на Виенската конференција за човекови права од 1993. година. Таа беше замена за Центарот за човекови права кој егзистираше дотогаш. Кривичното правосудство, сиромаштијата, дискриминацијата, вооружениот конфликт и насилството, се само некои од битните теми кои ги координира Центарот, во рамките на Обединетите нации и помеѓу нивните различни организации. Поддржувањето и заштитата на човековите права е централна задача на Високиот комесар (ОХЦХР). Службата може да спроведува мониторинг, се ангажира околу новите човекови права и им служи на телата на ОН, а пред се’ на новиот Совет за човековите права како секретаријат.

Развој и отпор

По самитот на ОН во септември 2005 година, оваа служба беше значително унапредена, беше единствената која доби поголеми канцеларии и нови работни места, што е огромен напредок во рамките на системот на ОН, велат експертите.

Schweiz UN Menschenrechtsrat Tagung sitzungssaal
Одборот за човекови права на ОН на заседаниеФотографија: picture-alliance/ dpa

Но, со развојот порасна и отпорот, пред се’ кај земјите-членки на Советот за човекови права, кои не го сваќаат сериозно почитувањето на човековите права. Одредени држави се’ почесто се обидуваат да ја ограничат независноста на Секретаријатот. Веќе се дискутираше за кодекс на однесување за да има поголема дисциплина, како и за директно приклучување на Високиот комесар кон Генералниот секретаријат на ОН, со што ќе биде под негова надлежност.