Чочоровска негира вмешаност во шверцот со кокаин
7 август 2007Реклама
Станислава Чочоровска Полетан, на првиот ден од судењето, во целост го отфрли обвинението дека го организирала шверцот на половина тон кокаин запленет на почетокот од годинава во Македонија. По шестмесечна истрага, денеска во Скопје започна судскиот процес против Чочоровска и Алија Азировиќ возачот на камионот во кој беше пронајдена дрогата. Чочоровска се товари дека е главен организатор на транспортот на 483 килограми кокаин со потекло од Венецуела. Дрогата скриена во канти од поликолор во камионот со кој управувал Азировиќ беше запленета на граничниот премин Блаце.
Постои сомневање дека во шверцот учествувале и тројца грчки државјани по кои полицијата во Солун има распишано потерница.