1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човекот со најдобри бакенбарди

Г.Шпрате / ЕМФ3 јули 2013

Светскиот првак во категоријата „Бакенбарди“ живее во Геманија. Дитер Безух веќе 25 години има долга брада, за чие фризирање се потребни часови.

https://p.dw.com/p/18tr4
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Дитер Безух е светски првак во категоријата „Бакенбарди“.

„Секојдневната фризура можам да ја правам и сам. Потребни се 20 минути наутро и најчесто држи цел ден - само ако не те фати дожд“, раскажува тој.

Неодамна тој ги потскрати влакна од брадата за таа позасилено да му расте.

„Брадата сега е многу кратка, порано имаше распон од речиси два метра. Таа расте веќе 25 години.“

Светски првак станал со уште подолга брада. Дали може се‘ уште да ја направи победничката фризура?

Покрај прецизноста и симетријата, од решавачко значење е креацијата. Таа мора да биде оригинална. Затоа тој има своја фризерка, Гудрун Цункер. Сопругата Кристијане секогаш критички ја оценува неговата брада:

„Во прво време кога почна, имаше засукана брада и постојано ја сучеше. Тогаш реков - доста е. Виткањето толку многу ме нервираше! Но, со текот на времето човек се навикнува.“

По 30 минути едната страна е речиси готова. На денот на натпреварот сето трае многу подолго. Идејата за фризурата била лично негова. Со фризерката работел се‘ додека не било се‘ на свое место.