1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Членка на Пуси Рајот мора до крај да ја отслужи казната

СН/ЖА/дпа/ап26 јули 2013

23 годишната активистка Надежда Толоконикова од панк бендот Пуси Рајот мора и натаму да остане во казнениот логор откако и беше одбиена жалбата за предвремено ослободување.

https://p.dw.com/p/19ElJ
Фотографија: Reuters

Врховниот суд на руската република Мордовија ја одби жалбата на членката на групата Пуси Рајотт Надежда Толоконикова (насловна фотографија) на одлуката на Зубово-Полјанскиот суд со која се одбива барањето за пуштање на слобода пред истекувањето на казната, пренесуваат руските агенции.
Одуката на Врховниот суд на Мордовија ја потврди одлуката на понискиот суд со што Толоконикова останува во затвор до крајот на истекот на казната од 2 години, на која е осудена поради хулиганство мотивирано од верска омраза во московската црква на Христос спасителот.
Толоконикова веќе отслужи речиси година и половина од својата казна.

Претставниците на женскиот затвор ИК-14 во Мордовија во кој Толоконикова ја отслужува казната рекоа дека не треба да се пушти на условна слобода бидејќи не се покајала.
Толоконикова изјави дека никогаш нема да признае дека е виновна, бидејќи тоа што го направила било исправно
Петте членки на руската панк група Пуси Рајот упаднаа во февруари 2012. година во Храмот на Хрстос спасителот во Москва и одржаа „панк молитва“, односно ја испеаа песната „Богородице, истерај го Путин“, снимија се' на камера и снимката ја поставија на интернет.
Хамовничешкиот суд во Москва ги осуди на 17. август истата година трите уапсени членки на групата- Надежда Толоконикова, Марија Аљохина и Јекатарина Самуцевиќ на 2 години затвор.
Затворската казна на Самуцевиќ подоцна и‘ е заментета со условна казна бидејќи вработените во црквата ја исфрлиле од црквата пред да успее да учествува во „панк молитвата“.