1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чиле и Аргентина стравуваат од ерупција на вулканот Копауе

АТ/ дпа/ рте28 мај 2013

На чилеанско-аргентинската граница расте загриженоста од нова ерупција на вулканот Копауе. Властите прогласија тревога од највисок степен. Во опкружување од 25 километри луѓето мораа да ги напуштат домовите.

https://p.dw.com/p/18fKX
Фотографија: Reuters

Изминатиот декември, вулканот висок 2997 метри исфрли лава, чад и пепел. Сега владата на Чиле повторно прогласи тревога. За општината Алто Биобио, која се наоѓа во подножјето на вулканот Копауе, е прогласен највисок степен на тревога. Во опкружување на 25 километри во овој регион на Андите властите воведоа забрана за движење и наредија евакуација. Тие испратија воени возила за 2440 жители да бидат превезени на сигурно место.

Copahue Vulkan Chile
Фотографија: A. Marincovic/AFP/Getty Images

Се стравува од ерупција

Според експертите досега повеќе километри во височина се издигнуваат само облаци чад. Државната служба за рударство и геологија „Сернагеомин“ меѓутоа предупреди од ерупција. Министерот за внатрешни работи на Чиле Андрес Чадвик преку телевизијата соопшти: „Копауе постојано и се' повеќе е активен. Не може да се исклучи ерупција. Затоа е наредена евакуација“.

Исто така и во провинцијата Неукен во Аргентина властите прогласија највисок степен на готовност и наредија евакуација на погодените региони. Евакуирани се околу 900 луѓе. На аргентинската страна на вулканот се наоѓаат термални бањи кои се многу посетувани.