Четири лица се водат за исчезнати по експлозијата во Прага
29 април 2013Најмалку 35 лица се повредени, а четири се водат како исчезнати по експлозијата која урна зграда во туристичкиот дел на чешкиот главен град.
Местото на несреќата е историскиот стар град на Прага, омилен меѓу туристите. Улицата Диваделни е покриена во урнатини. Според полицијата повредени се најмалку 40 лица, некои од нив тешко.
Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема повредени Македонци во експлозијата. Многумина од жртвите се повредени од распрскано стакло од експлозијата.
Експлозијата се случила во една зграда со канцеларии, каде се сместени повеќе фирми. Силите за безбедност во рушевините на објектот бараат евентуални натамошни жртви.
Градоначалникот на Прага Бохуслав Свобода ја исклучи можноста дека се работело за терористички напад, потврдувајќи дека причината за експлозијата е дефект во гасната мрежа.
Во истрагата лично се вклучи и чешкиот премиер Петр Нечас.
Специјално тренирани кучиња се уште трагаат по настрадани во урнатините.