1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честитки за Велигден од македонскиот државен врв

СН/ЕМФ/миа/мф8 април 2012

Верниците од католичката, протестанската и други христијански цркви во Македонија денеска (08.04) го слават денот на христовото воскресение - Велигден, една недела пред православните верници.

https://p.dw.com/p/14ZUO
Фотографија: Fotolia/anoli

Македонскиот државен врв денеска упати честитки до граѓаните во земјата кои го слават Велигден. Премиерот Никола Груевски во честитката по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, до Скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Македонија им посака мигови на разбирање, милосрдие и бериќет во секој дом.

Тој притоа ја истакна трајната определба на владата за промоција и развој на мултиверското општество, како еден од најдобрите гаранти на напредокот, и за реализацијата на реформите и модернизацијата кои ќе го подобрат секојдневието и ќе овозможат услови за натамошен прогрес во сите сфери од значење за граѓаните, како и прогрес на Македонија во европските и евроатлански интеграции.

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski
Премиерот Груевски ја истакна трајната определба на владата за промоција и развој на мултиверското општествоФотографија: AP

Претседателот Ѓорге Иванов пак, во својата честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар порачува:

„Велигден е неодминлив патоказ дека вдахновени од примерот на Христа, можеме да ги надминеме сите голготи и предизвици. Во време на наплив од минливи вредности и краткотрајни задоволства, вели, да не заборавиме да го следиме патот на светлината и добрината, и да не се штедиме да се даруваме себеси на другите, негувајќи љубов кон нашите сограѓани и работејќи на просперитетот на нашата татковина“.

Синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа традиционалната велигденската воскресна литургија на која Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов ја прочита велигденската порака до верниците.