Честитка на Црвенковски по повод Националниот празник на Германија
2 октомври 2007Реклама
Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска упати честитка до германскиот претседател, Хорст Келер, по повод утрешниот Национален празник на Германија. Во честитката по повод Денот на германското обединување, Црвенковски изразува благодарност за досегашната поддршка на Германија и уверување дека таа поддршка ќе продолжи и натаму, особено во периодот на чекорење на Македонија кон ЕУ и НАТО.