1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чествување во Северна Кореја за починатиот лидер

ЖА/миа17 декември 2012

Во Северна Кореја денеска (17.12) со триминутно молчење почна одбележувањето на смртта на претходниот лидер Ким Јонг Ил, кој почина на денешен ден пред една година од инфаркт.

https://p.dw.com/p/173cv
Фотографија: dapd

Во 12 часот по локално време почнаа да завиваат сирените на локомотивите и бродовите, а засвиреа и сирените на автомобилите.

На плоштадот пред дворецот на Кимсусан, каде се наоѓа мавзолејот на Ким Ил Сунг и на Ким Јонг Ил, се одржа митинг. На него присуствуваа високи државни раководители, вклучувајќи го лидерот Ким Јонг Ун.

Во говорот одржан од началникот на Главната политичка управа на Корејската народна армија Чве Рон-хе, беа забележени заслугите и на двајцата „велики генералисимуси“ - дедото и таткото на сегашниот севернокорејски лидер.

За овековекување на споменот на Ким Јонг Ил дворецот Кимсусан е преименуван во Дворец на Сонцето, а покојниот лидер го доби звањето генералисимус, беше соопштено на митингот.

Жители на Пјонгјанг и други градови денеска полагаат цвеќе и венци пред статуите и мозаиците, посветени на Ким Јонг Ил.