1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Челзи нема да ја брани европската титула

БГ/миа/дв6 декември 2012

Актуелниот европски првак е елиминиран од натамошното учество во Лигата на Шампионите. Германските тимови ги освоија првите места во своите групи.

https://p.dw.com/p/16wVl
Фотографија: Reuters

По одигрувањето на последните осум натпревари од групната фаза во фудбалската Лига на Шампиони, сигурно е дека актуелниот првак Челзи нема да има можност да ја брани титулата, бидејќи не успеа да се пласира во следната фаза. Иако„сините“ од Лондон остварија убедлив триумф против Нордсјиланд, не им одеше во прилог резултатот од средбата во Доњецк, каде Јувентус го совлада домаќинот Шахтјор, па Челзи е елиминиран уште во групната фаза.

Освен Јувентус, синоќа (05.12) последната шанса за пласман во осминафиналето ја искористија и Селтик и Галатасарај. Шкотите на домашен терен го совладаа рускиот Спартак, додека турскиот првак беше подобар од португалската Брага нагости.

Германскиот гигант Бајерн Минхен немаше поголеми проблеми во дуелот со белорускиот Бате Борисов пред домашните навивачи. Победата од 4:1 ја обезбедија резервните играчи и покрај тоа што Бајерн играше со играч помалку по исклучувањето на Боатенг во 50. минута. Црвен картон имаше и на другата страна, откако во 68. минута Полјаков мораше да го напушти теренот.

Champions League München vs Borisov
Марио Гомез и Џердан Шаќири прославуваат гол на БајернФотографија: Getty Images

И другите европски великани кои веќе имаа обезбедено пласман во следната рунда на теренот испратија резервни состави, но со променлив успех. Манчестер Јунајтед загуби на домашен терен од романскиот Клуж, додека Барселона ремизираше со Бенфика.

Во осминафиналната рунда од овие четири групи се пласираа: Јувентус, Шахтјор, Бајерн Минхен, Валенсија, Барселона, Селтик, Манчестер Јунајтед и Галатасарај. Во вторникот пласман обезбедија и Шалке, Арсенал, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, ПСЖ, Порто, Малага и Милан.