Чеку предлага независно Косов на 28 ноември
20 јули 2007Реклама
Косовскиот премиер Агим Чеку денеска предложи покраината да прогласи независност на 28 ноември денот на албанското знаме. По средбата со шефот на УНМИК Јоахим Рикер, тој изјави дека предлогот е само негова идеја за која е потребна согласност од страна на преговарачкиот тим, САД и некои европски земји. На тема Косово денеска во Берлин разговараа и шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.