1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чекор напред во блискоисточните преговори

6 мај 2008

Заканите на претседателот на Палестинците Махмуд Абас дека ќе поднесе оставка ако по два до три месеци не биде постигнат напредок во блискоисточните мировни преговори, имаа ефект.

https://p.dw.com/p/DuKQ
Од разговорите Абас - ОлмертФотографија: AP

На крајот од вчерашната преговарачка рунда на Абас со израелскиот премиер Ехуд Олмерт еден израелски функционер зборуваше за „значителен напредок“, а владиниот портпарол Марк Негев дека биле водени „сериозни разговори“. Напредок бил постигнат во врска со протегањето на граничната линија меѓу Израел и идната палестинска држава. Делегациите веќе со недели се занимаваат со географски карти.

Терен за напредокот претходно подготви и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс со притисокот врз Израел во врска со непрекинатото градење израелски населби на палестински територии во Западен Јордан. Израелската влада во мировниот процес започнат со конференцијата во Анаполис вети дека ќе престане со градењето населби - и не го почитува тоа.


Време е за реализација на „Мапата на мирот“


Кондолиза Рајс не загуби надеж дека договор ќе биде постигнат - по разговорот со Абас изјави: „Претседателот Џорџ Буш цврсто верува дека дојде времето за формирање палестинска држава, за спроведување на мировниот план ’Мапа на мирот“. Поради тоа толку напорно работиме овде во преговорите“,

Дека работите се движат напред може да се прочита меѓу редови и од зборовите на Махмуд Абас: „Ако постигнеме согласност, нема да ни требаат ни шест месеци за текстуално да ја формулираме. Ако размислуваме за да го фиксираме тоа во пишана форма значи дека веќе сме се усогласиле во 90 насто од спорните прашања. Пишувањето не е тешко, најважно е да постигнеме согласност“.

►◄