1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цунами самит

6 јануари 2005

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан по катастрофата во Јужна Азија предупред пред “втор смртен бран“ поради можни задоцнети или погрешни мерки за помош. За разлика од цунами, овојпат причините можат да се спречат, изјави Анан на почетокот на меѓународната донаторска конференција во главниот град на Индонезија, Џакарта.

https://p.dw.com/p/AcIR
Кофи Анан: „Вториот смртен бран мора да се спречи„. Првиот цунами...
Кофи Анан: „Вториот смртен бран мора да се спречи„. Првиот цунами...Фотографија: AP

Како итна помош за наредните шест месеци потребни се околу 740 милиони долари, а меѓународната заедница досега вети околу 3 милијарди евра. Претставниците на 26 држави и на голем број хуманитарни организации ќе разговараат и за изградба на систем за предупредување. Инаку, координаторот за помош при Обединетите нации Јан Егеланд во Њујорк соопшти дека само Германија и Австралија вкупно ветиле милијарда евра:

Координаторот Јан Егеланд е воодушевен од готовноста за помош во светот:

“Феноменални цврсти ветувања од Германија и Австралија и благодариме за средствата и за итната помош“.

"Благодариме за авионите и хеликоптерите кои ги ставија на располагање поред се САД, Велика Британија и Сингапур, за конкретните и сеопфатни ветувања од три до 4 милијарди долари", рече Егеланд:

“Светот вистина се обедини. Вакво нешто не сме доживеале“.

Егеланд упати апел и до соработниицте на Обединетите нации:

“Не смееме да потфрлиме, мораме сега да покажеме дека го исполнуваме нашиот мандат, имено, дека се оди преку нациите кои се обединија и кои меѓусебно си помагаат“.