Цунами на Соломонски острови
2 април 2007Реклама
На Соломонските острови во Пафицикот два силни земјотреси предизвикаа цунами,според властите загинале најмалку шест луѓе,додека повеќе се водат за исчезнати.Службата за природни катастрофи соопшти дека земјотресите биле со јачина од 8 и од 6,7 степени според Рихтеровата скала.Повеќе села се поплавени,а многу куќи уништени.На австралискиот брег поради стравување од цунами плажите се превентивно затворени.Цунами центарот на Хаваи предупреди од можни поплави на целиот Јужен Пацифик.Епицентарот на земјотресите инаку се наоѓа на длабочина од 10 километри на околу 350 километри северозападно од Хониара,главниот град на Соломонските острови.