1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црн список на небезбедните авио-компании

25 август 2005

Европската унија ја разгледува можноста за утврдување „црн список„ за авио-комапниите на кои ќе им биде забрането да летаат над територијата и да ги користат аеродромите на земјите на ЕУ поради небезбедни авиони и недоволно обучениот персонал.

https://p.dw.com/p/AeOA
Патници во авион
Патници во авионФотографија: AP

Ова е наведено во информацијата на Европската комисија која работи врз донесувањето многу поостри заеднички мерила на Европската унија за сигурност на авио-сообраќајот, но и да се утврди кои компании ќе бидат погодени со тие мерки:

Како што е нагласено, посебно ќе бидат засилени механизмите за контрола на авионите во земјите надвор од Европската унија што ги користат европските аеродроми. Европската комисија од тие причини ќе продолжи да им дава техничка помош на властите од трети земји за да се засили нивната способност да ги спроведуваат меѓународните обврски во контролата на безбедноста. Авио-компаниите, а веројатно и патничките агенции, ќе бидат обврзани патниците однапред точно да ги информираат за превозникот со чиј авион ќе летаат, зашто авио-превозниците неретко користат услуги и од други комапнии и изнајмени авиони. Европската комисија нагласува дека овие чекори ќе бидат преземени кон сите авио-комапнии без исклучок: дали станува збор за европски или за компании од трети земји. Целта е да се постигне високо ниво на безбедност во цела Европа, се вели во информацијата објавена во Брисел во која уште се наведува дека тоа е посебно нужно по неодамнешните настани.

Низата најнови авионски несреќи на територијата на Европската унија и во светот, ги забрза напорите на надлежните во ЕУ за донесување итни мерки за зголемување на безбедноста во авио-сообраќајот на целиот простор на Унијата. Европската комисија исто така соопшти дека е надвор од секое сомневање оти безбедноста на авио-сообраќајот е од глобално значење. Затоа Европската унија настојува европските норми и прописи кои се меѓу најдобрите во свбетот, да се спроведат на меѓународно ниво. Комисијата ќе настојува за таа цел да зголеми влијанието и во работата на Организацијата за меѓународен цивилен сообраќај.