1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора со еврото во ЕУ?

Ана Боговац / Александра Трајковска29 јануари 2013

Иако не е членка ниту на еврозоната, ниту на ЕУ Црна Гора со години како своја валута го користи еврото. Дали земјата во преговорите за пристап во ЕУ ќе мора да се откаже од валутата, за подоцна повторно да ја воведе?

https://p.dw.com/p/17Sto
Фотографија: Fotolia/Oleg Podzorov

За да избегне инфлација, но и на тој начин да се оттргне од режимот на Слободан Милошевиќ, Црна Гора во 1999. година го напушти динарот и како своја валута ја воведе германската марка, со одобрение на Германија. Во 2002. година, пред институцијата која се грижи за економијата во ЕУ, Екофин, да забрани унилатерална „евроизација“ - енострано воведување на еврото, Црна Гора премина на користење на еврото како своја валута, објаснува црногорскиот министер за финансии и до неодамна гувернер на Централната банка Радоје Жугиќ. „Ние ја купивме германската марка - го купивме, извршивме конверзација и го имаме во платниот систем еврото и тоа е премолчана согласност, во овој момент“, вели Жугиќ.

Како е можно некои земји да го користат еврото иако воопшто не се членки на Европската унија, во Европската централна банка не сакаат да коментираат. Портпаролот Виктор Кшижановски вели: „Неможам да коментирам која било земја посебно, но бидејќи еврото е глобална валута со која се тргува на меѓународно ниво и може да биде купена насекаде во светот, ЕЦБ неможе да ги контролира таквите потези и неможе ниту да забранува, ниту да промовира користење на еврото.“ Кшижановски објаснува дека истото важи за физичи, правни лица, па и држави. „Нашата политика е дека еврото е меѓународна валута со која слободно се тргува и секој може да ја купи кога ќе посака.“

Estland Euroumstellung
Германската марка беше заменета со евраФотографија: RAIGO PAJULA/AFP/GettyImages

Неважно за преговорите?

Сепак за Црна Гора, која преговара за членство во ЕУ тоа нема да биде само прашање на слободен избор. На средината на јануари беа одржани првите состаноци со пратставниците на ЕУ и земјата, во врска со преговарачките поглавја во економската и монетарната политика како и за слободен проток на капиталот. Тогаш на црногорските преговарачи им беше објаснето законодавството во оваа област.

„Можам да кажам дека прашањето за еврото не е експлицитно споменато, кога е во прашање Црна Гора и дека сите презентации кои се однесуваат на монетарната политика од страна на претставникот на Екофин, беа во целост неутрелни, односно воопшто не го земаа в предвид фактот дека Црна Гора го користи еврото како официјално платежно средство, така што од таа страна неможеме ништо попрецизно да кажеме“, изјави шефицата на групата за поглевјето за економска и монетарна политка Зорица Калежиќ.

Сепак на состаноците во Брисел, министарот за финансии слушна и поинакви изјави? „Веќе имавме прв скрининг и разговор за еврото кој беше воден во Екофин“, вели Жугиќ и ветува: „Ние како Влада ќе донесеме некои елементи, кои се натамошен услов за одржување на еврото, како што се на пример донесување на фискални правила во идниот период“.

Mario Draghi Unterschrift neuer 5-Euro-Schein
Црна Гора ќе се откаже, па ќе го воведува еврото?Фотографија: Reuters

Економски ирационално

За некоја земја да го воведе еврото како своја валута, услов пред се’ е да биде членка на Европската унија, а потоа и да ги почитува критериумите од Мастрихт, кои се однесуваат на ниска стапка на инфлација, буџетски дефицит под три отсто и јавен долг помал од 60 проценти од БДП.

Министерот Жугиќ вели дека за зачувување на еврото во Црна Гора се спроведуваат мерки на штедење, се замрзнуваст пензиите, се панира дополнителен данок на плата. Сепак за влез во еврозоната, портпаролот на Европската централна банка Кшижановски наведува уште еден критериум: „Земјата мора да воспостави стабилен девизен курс, што значи дека валутата на земјата мора да биде стабилна во однос на еврото во ореден временски период“.

Дали од Црна Гора ќе се бара да воведе своја валута за да го исполни и овој критериум, ќе биде политичка одлука. Министерот за финансии се надева дека до тоа нема да дојде: „По мене би било економски крајно ирационално да се вратиме на својата валута па потоа повторно да одиме кон еврото“. Тоа што Црна Гора сега нема своја валута, за министерот ја поедноставува работата: „Тоа според нас е олеснителна околност меѓу останатите критериуми кои би требало да се исполнат за официјално да станеме членка на еврозоната“.

Премала земја за да влијае во еврозоната

Стручњакот од Институтот за економски истражувања во Келн Јирген Матес вели дека евентуално воведување на своја валута би можело да и помогне на Црна Гора доколку се најде во економски проблеми. Тој не ја исклучува можноста од земјата да се бара воведување на нова валута.

Во Црна Гора со околу 650.000 жители велат дека таква мала економија не може да влијае на еврозоната. Оправдувањето е исто и за другите земји, кои го користат еврото иако не се во Европската монетарна унија - како на пример Ватикан со 832 жители, Андора, Сан Марино, Монако и Косово.