1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора очекува разбирање од Србија

Весна Рајковиќ10 октомври 2008

И Црна Гора е на листата земји коишто ја признаа независноста на Косово. Шефот на црногорската дипломатија Милан Рочен објасни зошто Подогорица се реши на ваков чекор. Дел од опозицијата најави протести.

https://p.dw.com/p/FXPe
Парламентот во ПодгорицаФотографија: DW

Министерот за надворешни работи Милан Рочен, по седницата на владата којашто со прекини траеше околу седум часа, рече дека одлуката е мотивирана од националните и државните интереси и е во согласност со забрзувањето на интеграцијата на Црна Гора во ЕУ и НАТО.

„Косово пред се е политичка реалност, а нам од најголем интерес ни е да имаме стабилност на нашите граници од што и се раководевме при донесувањето на една ваква одлука. Владата на Црна Гора исто така ги зема предвид преовладувачките ставови на клучните светски земји, членките на ЕУ и НАТО и нивните проценки дека ваков потег е важен придонес за безбедноста и стабилноста на регионот и неговиот напредокот во евроинтеграциите.“ Шефот на црногорската дипломатијата се надева дека ваквиот потег ќе наиде на разбирање и во пошироката јавност во земјата, но и во Србија.

Montenegro Präsident Filip Vujanovic und Ministerpräsident Milo Djukanovic
Претседателот Филип Вујановиќ и премиерот Мило Ѓукановиќ, сакаат европска иднина за земјатаФотографија: AP

Србија и го откажа гостопримството на црногорската амбасадорка

Прва последица од признавањето на независноста на Косово, од Црна Гора е скратеното гостопримство на црногорската амбасадорка во Белград. Рочен одговори дека Подгорица нема да одговара во иста мера на потезите на Србија, и верува дека се работи за избрзана одлука. Од друга страна дел од опозицијата во Црна Гора којашто вчера се обидуваше да го одврати премиерот Ѓукановиќ од идејата за признавање на Косово, за денеска најавува протести. Лидерот на Српската листа Андреја Мандиќ изјави:

„Ние ги кажавме нашите ставови зошто Црна Гора не би требало да се меша во внатрешната политика на Србија, зошто Црна Гора не смее да се издаде себе си и дека тоа длабоко ќе ја подели земјата, но не наидовме на разбирање кај владата. Затоа ќе се советуваме со народот и тој ќе ни помогне, повторно да дојде до израз мнозинстката воља на граѓаните по ова прашање“. Признавањето на Косово го поздрави канцеларијата на ЕК во Подогорица и албанските партии во земјата. Дел од аналитичарите пак сметаат дека Црна Гора не требало во моментов да ја признае независноста на Косово и дека тоа дополнително ќе ги заостри односите со Србија.