1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора ги почнува преговорите со ЕУ

АТ/бета/афп29 јуни 2012

Европската унија денеска (29.06) ќе ги отвори пристапните преговори со Црна Гора. Земјата има статус на кандидат од крајот на 2010 година.

https://p.dw.com/p/15NvV

Европската унија денеска треба да ги почне пристапните преговори со Црна Гора, откако на самитот во Брисел одлуката за тоа ќе ја донесат претседателите на држави или влади на ЕУ.

Преговорите ќе бидат отворени со поглавјата посветени на владеењето на правото и безбедноста. Клучни забелешки во извештаите на Комисијата на ЕУ за Црна Гора се отсуство на конкретни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал и слабите институции.

Министрите за Европа на земјите членки на Унијата на состанокот во вторникот ( 26.06) во Луксембург препорачаа ЕУ да ги отвори преговорите со оваа балканска земја. Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ и министерот за надворешни работи Милан Рочан ја поздравија одлуката. Претседателот Вујановиќ во вторникот во Подгорица изјави дека одлуката е потврда за тоа дека Западниот Балкан е на добар пат.

NO FLASH EU Montenegro Brüssel Belgien
Фотографија: picture alliance/dpa

Државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи Михаел Линк овој чекор го оцени како „ важен сигнал за целиот регион“. Тој ја повика Црна Гора ангажирано да ги спроведе неоходните реформи.

Комисијата на ЕУ препорача пристапни преговори со Црна Гора. Земјата во 2007. година го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација. На крајот на 2008. побара статус на кандидат, кој го доби во декември 2010 година.