1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски ја продолжува посетата на Брисел

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmRG

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска ја продолжува посетата на Брисел. Вчера тој имаше одвоени средби со Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување, Оли Рен. На двете средби од Македонија беа побарани конкретни резултати во реформите во судството, полицијата, администрацијата и борбата против корупцијата. Солана и Рен остро ги осудија неодамнешните инциденти во маекдонскиот парламент и апелираа што побргу да се утврди кои се одговорни за тие настани. Македонскиот претседател на средбите во Брисел изрази уверување дека Македонија има институционален капацитет и силна политичка волја да го забрза темпото на реформи. Црвенковски е во тридневна официјална посета на Брисел, во рамки на која ќе има средба и со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер.