Црвенковски очекува предвремени избори
10 јуни 2010Реклама
Одржувањето на предвремени избори пред ноември, во време кога постои подготвеност на Вашингтон и Брисел за надминување на спорот со името би било крајно неодговорно, изјави денеска претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тоа, според Црвенковски, би демонстрирало незаинтересираност за евро-атланските интеграции на земјата. Според лидерот на СДСМ, доколку не дојде до надминување на спорот со името до одржувањето на НАТО самитот кон крајот на октомври и почетокот на ноември, неопходно ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори.
Автор: БГ/макфакс
Редактор: Александра Трајковска