Црвенковски најавува отстапки кон опозицијата
31 јули 2008Реклама
Доколку СДСМ го прекине бојкотот на Собранието и другите институции, Црвенковски е подготвен да го помилува градоначалникот на Струмицаи потпретседател на Социјалдемократите, Зоран Заев и неговите соработници. На прес конференцијата македонскиот претседател им порача на СДСМ дека политички битки не се добиваат со бојкот.
Доколку ДПА пак го прекине бојкотот на Собранието, шефот на државата ќе го употреби правото да не го потпише указот за стапување во сила на донесениот Закон за употреба на јазиците, на кого има забелешки оваа партија.