1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски наскоро во Германија

Александар Чомовски14 јуни 2007

На крајот од претседавањето на Германија со Европската унија, македонскиот претседател доаѓа во Берлин, по покана од германскиот колега, Хорст Келер.

https://p.dw.com/p/Awgr
Бранко ЦрвенковскиФотографија: AP

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски ќе биде придружуван од шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, што во услови на криза во односите претседател-влада, е можеби формален сигнал за Европа дека е возможно да се најде минимумбаза за кохабитација на врвните македонски политичари и институции. Шефот на македонската држава нема да се види со Ангела Меркел, но пртед една деценија во улога на премиер, Бранко Црвенковски беше пречекан од тогашниот канцелар, Хелмут Кол, кој на младиот македонски политичар тогаш му рекол: “Би можеле да ми бидете син“.

Германско-македонските политички и економски односи се интензивни. Со над 150 милиони евра непосредна помош владата во Берлин е меѓу силните финансиски доантори во овој период на македонска транзиција. Иако и двајцата претседатели имаат репрезентативни улоги, Бранко Црвенковски од домаќинот Хорст Келер, ќе побара да продолжи германската поддршка за македонските евроатлантски аспирации.