1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвениот крст размислува за повлекување од Ирак

28 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AcSX

Во Багдад нови жестоки судири на американските војници и вооружени Ирачани. За можни жртви сеуште нема информации. Меѓународниот комитет на Црвениот крст размислува за повлекување на своите соработници од Ирак, по најкрвавата серија напади по крајот на војната, која вчера однесе најмалку 43 животи. Во петте напади на атентатори самоубијци, кои вчера се случија за само еден час, според болнички извори повредени се 216 лица, сите со исклучок на еден американски војник - цивили и полицајци. Пјер Гасман, раководител на делегацијата на Црвениот крст во Ирак, изјави:

"Размислуваме што можеме да направиме за да ги заштитиме нашите животи и како да продолжиме со работење. Мора да размислиме за сите импликации што ќе ги има овој напад и мислам дека до сабота ќе донесеме решение."

Меѓу повредените во нападите има и повеќемина Европејци. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, изјави дека нападите се злосторства против човештвото. Сепак, тој е уверен:

"Ситуацијата не е многу добра, но мислам дека нема да излезе од контрола. "

Германската влада со оценка дека нападите биле насочени протв ирачкиот народ. Ескпертот за тероризам, Ролф Топхофен, денеска оцени дека ЦИА не е подготвена за повоената ера во Ирак.

"Има тешкотии во добивањето доверливи информации кои се важни за разбивање на гнездата, а луѓето кои сега напаѓаат знаат да ги користат овие начини на војување."