Ципи Ливни во Каиро
11 мај 2007Реклама
Арапските земји, според зборовите на израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни имаат значајна улога во Блиско – источниот мировен процес. Таа изрази уверување дека соседите на Израел и Палестинците располагаат со политички хоризонт за решавање на проблемите, истакна Ливни. Израелската министерка во Каиро се сретна со нејзините ресорни колеги Египетскиот и Јорданскиот министер Ахмед Абул Геит и Абдел Илах Чатиб. Израелската министерка средбата ја оцени како историска.