1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цинично е да се штеди на развојната помош

13 ноември 2008

Што значи светската економска криза за земјите во развој? Дали има шанси тие да ги загубат средствата што ги добиваат како помош за развој, со оглед на тоа што развиените земји во моментов имаат други грижи?

https://p.dw.com/p/Fu7y
Во овие моменти, развиените земји се позагрижени за берзите, отколку за земјите во развојФотографија: AP

Турбуленциите на финансиските пазари можат да го продлабочат јазот меѓу богатите и сиромашните во светот, оти експерти стравуваат дека кризата во посебна мера ќе ги погоди земјите во развој. Со оглед на сломот на конјунктурата во светски рамки и на настапувачката глобална рецесија, како на дланка е јасно дека индустриските држави имаат други грижи, отколку токму сега да ја унапредуваат развојната соработка.

Нови приоритети за финансиските пазари

Japan Wirtschaft vor Rezession Ausverkauf in Tokio
Крах и на второто по големина стопанство во светот - БДП на Јапонија опадна за 2.4%Фотографија: AP

На ова предупреди и Петер Вал, експерт за финансирање на развојот од една невладина организација од Берлин: „Финансиската криза може да води кон севкупно опаѓање на интересот за развој. Под притисок е доведено финансирањето на развојот, под прашање се милениумските развојни цели и нивното финансирање. Но, со оглед на гигантските суми што во моментов се ангажираат за пакетите за спас, би бил стравичен цинизам сега да се штеди кај релативно минималните суми за развојна помош“.

Вал бара во новата финансиска архитектура на светот да се отстрани доминацијата на финансиските пазари над реалното стопанство, а сузбивањето на сиромаштијата, развојот и човековите права да бидат приоритети и за финансиските пазари.