1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Циклонот „Сидр„ однесе 200 жртви

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI6p

Најмалку 200 лица загинаа во налетот на циклонот Сидр во југозападниот дел на Бангладеш. Според информации на властите најголем дел од загинатите настрадале од откорнати дрвја. Тропската бура е проследена со ветер со брзина од 240 километри на час и поројни дождови. Евакуирани се повеќе од 350.000 луѓе. Во меѓувреме Сидр се движи во насока на север кон главниот град на Бангладеш, Дака. Големи штети од циклонот се регистрирани и во Индија.