1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ценовен енергетски шок за Нова Година

30 декември 2011

Цените на електричната и на топлинската енергија во Македонија од 1 јануари значително ќе се зголемат. Струјата ќе поскапе за 7,82 насто доддека кај парното греење ќе има поскапување меѓу 10,73 и 10,87 проценти.

https://p.dw.com/p/13bsH
Фотографија: Petr Stojanovski

Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти цената на електричната енергија од 1 јануари наредната година да се зголеми за за 7,82 % насто во однос на претходната цена. Цената за топлинска енергија на крајните потрошувачи што се снабдувааат со топлинска енергија од Снабдувањата Центар, Исток и Запад, се зголемува за 10,73% во однос на претходната цена а за потрошувачите што се снабдуваат со топлинска енергија од Скопје-Север АД Скопје, за 10,87 проценти. Овие стапки на раст на цените се за нијанса поголеми од оние што Регулаторната комисија ги предложи на почетокот од неделава.

Последен пат електричната енергија поскапи на 1 јануари годинава за 5,98 отсто, а последната корекција на цената на топлинска енергија во Скопје беше во ноември годинава кога имаше поскапување од 8,7 отсто за топланите Исток Запад и Центар и 9 отсто за топланата Север.

Автор:СН/БГ/ерц/миа

Редактор: Борис Георгиевски