Цените на храната во светот драматично растат
31 август 2012Глобалните цени на храната во јули годинава скокнале за десет отсто во однос на јуни, пченката и сојата дојдоа до рекордно ниво, а сето тоа е последица на сушното лето и високите температури во САД и источна Европа, соопшти Светската банка (СБ).
Од јуни до јули пченката и пченицата скокнаа за 25 отсто, сојата за 17, а само оризот падна за четири отсто, се вели во извештајот.
„Цените на храната значително пораснаа и се закануваат на здравјето и просперитетот на милиони луѓе“, изјави претседателот на СБ, Јим Јнг Ким, при тоа додавајќи дека Африка и Блискиот исток се посебно ранливи.
Сушата во САД предизвика големи штети на летниот род на пченката и сојата, чиј најголем извозник се САД.
Сушното лето во Русија, Украина и Казахстан придонесе за помала проекција на производството на пченица.