1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цените на нафтата предизвикуват страв

9 јуни 2008

Рекордната цена на нафтата, според проценките на министрите за економија и енергија на Г8 земјите, може да предизвика опасност од рецесија во светски рамки. Тие бараат зголемување на производството како контрамерка

https://p.dw.com/p/EG9n
Министрите за енергија и економија од државите на Г8 на средба во ЈапонијаФотографија: AP

Средбата на министрите за економија и енергија од Г8 во Јапонија има огромно значење поради моментот кога се одржа- рекордната цена на нафтата од 139 долари по барел. Домаќинот, Јапонија, покрај Г8 државите, во кои спаѓаат Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада, Русија и САД, ги покани и Кина, Индија и Јужна Кореја. Овие 11 држави заедно се одговорни за 65 проценти од потрошувачката на светската енергија. На Кина и Индија, двете заедно, се проценува дека ќе отпадне дури половината од дополнителната пресметана побарувачка на енергија во периодот од 2005 до 2030 година.


Заеднички до решенија


Во заедничкото соопштение, кое го договорија 11-те министри, се вели: за да се решат постојните економски прашања, сите ние, кои сме одговорни за енергетската политика, мораме да работиме заеднички. Загрижени сме за сегашната ситуација со цените на нафтата. Кој е одговорен за неа, министрите засега не можеа да се договорат. Во соопштението стои само: причините за порастот на цените се комплексни и опфаќаат различни фактори како политиката на одделни производители на нафата, геополитичките напнатости. Г8 државите бараат натамошни анализи на факторите кои влијаат на пазарот на нафтата. САД уште на почетокот укажаа дека односот на понудата и побарувачката не одговара, дека многу земји сеуште субвенционираат фосилни горива, потенцираше американскиот министер Семјуел Бодман.


Акцент на обновливите извори на енергија


Кина и најголемиот дел европски земји причината за висококите цени на нафтата ја гледаат во масивното влијание на шпекулативните фондови.

На идниот самит на Г8 за еден месец на Хокаидо во Јапонија централна улога ќе има промената на климата. Во заедничкото соопштение министрите за енергија потенцираа дека значаен потенцијал имаат обновливите извори на енергија. Со нивна помош може да се зголеми сигурноста со обезбедување со енергија и да да се постигне целта, намалување на климатските промени. Но, во соопштението исто така стои дека за остварување на истите цели растечки број држави покажуваат интерес за изградба на атомски централи.