1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цена на барел нафта за 200 долари?

8 мај 2008

Според проценката на експертите, енормниот пораст на цената на нафтата за неколку години може да ја достигне границата од 200 долари за барел. Во вторникот вечер веќе достигна 123 долари.

https://p.dw.com/p/DwVv
Како што зачестено ќе се затвораат славините, така и цената на нафтата ќе биде повискаФотографија: AP

Поради празниците овој викенд, германски АДАК смета на пораст на цените на бензините во Германија. Сличното се случува и во САД, но таму засега се уште владее релативно спокојство. Рекордната цена на нафтата не се одржува многу, а актуелната во никој случај не значи дека ќе остане, зашто за последните 6 години порасна за повеќе од 100 долари. Во март 2002 ден барел, односно буре од 159 литри, чинеше меѓу 19 и 21 долар.

Не се забележува шок

Тоа е скоро заборавено, па можеби и тоа е една од причините што експертите денес шират спокојство:

„Ова го посматраме долго, вели Дејвид Вајс од агенцијата Стандард и Пурс. Шок одвај може да се забележи. Како и да е, потрошувачите во САД денес се помалку засегнати од високите цени на енергијата, бидејќи во моментов тие им однесуваат од џебот околу 6 проценти, наспроти осумте во последната нафтена криза од почетокот на 80-десеттите години. Сепак, вели Вајс, високите трошоци за енергија негативно се одразвуваат врз стопанствата што пак, негативно влијае врз вкупната конјунктура. Во моментов инаку, трговците не гледаат прекумерна понуда на нафта, но ниту недостиг:

Ентони Гризанти од трговската фирма со нафта ГРЦ Енерџи, признава дека меѓунардоните кризи, како последните напади врз нафтените извори во Нигерија, или атомскиот спор меѓу САД и Иран, делуваат врз покачувањето на цената.

Можност да дојде до тешка криза

Меѓутоа, не се исклучува ниту застрашувачкото сценарио за цени меѓу 150 и 200 долари по барел, како што покажа една студија на банката Голдман Сакс, и дури тогаш може да дојде до вистински тешка криза:

„Ако само еден ураган предизвика големи штети во САД, или ако на Блискиот исток избувне сериозен конфликт, тогаш цената за само неколку дена ќе достигне 200 долари, вели Гризанти. Претпоставки, гласишта, сценарија – тоа е она што ја определува цената. Сите се единствени само во едно – сето тоа не придонесува за намалување на цената.