1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ху Џингтао го отвори партискиот конгрес во Кина

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqzB

Кинескиот претседател и прв човек на комунистичката партија во земјата Ху Џингтао го отвори еднонеделниот партиски конгрес. Во говорот, Ху најави одредени реформи, но нагласи дека нема промена на еднопартискиот систем во земјата. Претседателот вети поголема активност во заштитата на климата која страда од јакнењето на економскиот раст во земјата. Го повика и Тајван да му стават крај на долгогодишното непријателство. На партискиот конгрес кој се одржува на секои пет години од 2200 делегати ќе се бира и новиот централен комитет.