Холанѓаните гласаат за проевропска влада
12 септември 2012Над 12 милиони гласачи ќе го изберат составот на 150- члениот холандски парламент. На гласачките ливчиња има кандидати од 21 партија, со што се отвораат можности за различни постизборни коалиции.
Холандската влада на десниот центар падна во април оваа година поради пакетот за штедење од ЕУ. Во моментов на власт е привремена влада составена од претставници на повеќе партии, а на чело е досегашниот премиер Марк Руте.
Според анализите на дел од медиумите, холандското гласачко тело е непријателски настроено кон ЕУ и плановите за помош на земјите од југот на стариот континент. Многу Холанѓани имаат чувство дека мораат да поднесат остри буџетски резови за да ги помогнат задолжените Грци.
На анкетите направени пред почетокот на денешното гласање предводат проевропски ориентираните партии, онаа на Либералите и Работничката партија. Тие предвидуваат и коалиција меѓу овие две партии и формирање на проевропска влада.