1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон со рекордни донации

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHq

Во кампањата за кандидат за претседател во САД сенаторката Хилари Клинтон од Демократската партија постигна рекорд во собирањето изборни прилози.Сопругата на поранешниот претседател Бил Клинтон во првите три месеци од оваа година собрала донации од околу 26 милиони долари,соопшти нејзиниот изборен менаџмент.

Се предвидува дека и другите двајца кандидати од Демократите Барак Обама и Џон Едвардс ќе објават високи суми,со што оваа претседателска кампања на оваа партија ќе биде најскапа во историјата на САД.