Хајлигендам – протести
31 мај 2007Реклама
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле застана во одбрана на правото на мирни протести за време на самитот на Г8 во Хајлигендам. Тоа е дел од демократскиот поредок на германската држава, нагласи Шојбле. Тој истовремено го бранеше тврдиот однос на полицијата кон насилните демонстранти.
Германските сили за безбедност подигнаа висок заштитен ѕид со бодликава жица и камери околу туристичкото место Хајлигендам на Балтичкото море, каде наредната недела ќе се одржи самитот на групата Г8.