Хауит негира дека е договорен датум за предвремени избори
2 март 2013„Не знам зошто има погрешни интерпретации во однос на договор кој е мошне јасен“, изјавил известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Ричард Хауит за МИА, притоа потврдувајќи дека одбива да говори за некаков датум во врска со организирање на можни предвремени избори.
„Европската комисија потврди дека следниот редовен извештај за Македонија, што секоја година се публикува во месец октомври, ќе започне да го подготвува од почетокот на септември. А, во тој извештај, ЕК ќе ги оцени резултатите од дијалогот и резултатите на ад-хок Комисијата за настаните од 24 декември минатата година, но и за подобрувањето на функционирањето на Собранието, поддршка на клучните реформски мерки и низа други точки. Но, во секој случај, ќе повторам дека нема ништо специфично, туку само дека резултатите од тој дијалог ќе се најдат во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија“, дополнува Хауит.