1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос во Чиле по земјотресот

2 март 2010

Властите во Чиле го продолжија полицискиот час и испратија илјадници армиски трупи кои треба да воведат ред во вториот по големина град во земјата, Консепсион. Toj беше разорен во катастрофалниот земјотрес.

https://p.dw.com/p/MHNx
ЧилеФотографија: AP

Анархијата, грабежите и криминалот во Консепсион добиваат драматични размери, три дена по несреќата, која однесе околу 800 човечки животи и предизвика голема материјална штета. Жителите на Консепсион велат дека морале самите да се организираат во групи за да се заштитат од бандите кои стануваат се’ побројни и кои почнале да напаѓаат и приватни куќи. Локалните власти тврдат дека и полицијата и армијата се немоќни да го сопрат насилството, а помошта во вид на храна и лекови пристигнува многу бавно. Во текот на вчерашните судири меѓу армијата и бандите, најмалку едно лице било убиено.

Chile / Erdbeben / Concepcion
Армијата се грижи за редотФотографија: AP

И три дена по земјотресот целосните размери на несреќата не се познати, поради отежнатите комуникации и непристапните предели во делови од земјата. Првичните проценки се дека економската штета од земјотресот ќе достигне најмалку 15 милијарди евра, или повеќе од 10 проценти од Брутодомашниот производ на Чиле. Оштетени се најмалку 1,5 милиони домови.

Chile Flash-Galerie Erdbeben Zerstörungen in Concepcion
КонсепсионФотографија: AP

Стравувањата се дека земјотресот ќе предизвика дополнителен шок за економијата на Чиле која веќе беше разнишана со светската рецесија. Во обид да ја живне економската активност, централната банка најави дека ќе ги одржува каматите на најниско можно ниво, а рудниците за јаглен, кои се главна индустриска дејност во земјата, продолжија со редовна работа.

Денеска во земјата пристигнува американската државна секретарка Хилари Клинтон, а помош за Чиле веќе најавија Европската комисија, Јапонија и Кина.

Автор: БГ/АТ/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска