1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамбург избори - реакции

1 март 2004
https://p.dw.com/p/AcPY
Лидерите на двете најголеми партии, победникот во Хамбург, ЦДУ и СПД, ги толкуваат резултатите на сосема различен начин - за Ангела Меркел е тоа успех на партијата целосно, а Франц Минтеферинг тврди дека изборите во Хамбург ги доби Оле фон Бојст сам. Лидерот на ЦДУ, Ангела Меркел, тврди дека успехот на хамбуршката ЦДУ не би бил можен без поддршка на партијата на сојузно ниво. "Еден ваков резултат е се разбира резултат на еден град. Тоа е сосема јасно, но без поддршка на партијата на сојузно ниво не би бил можен. И, тука ние извонредно соработувавме. Мои честитики до Хамбург и се радувам пред се' што сега работата на Оле фон Бојст ќе биде поддржана од стабилен сенат. Тоа ќе биде добро за Хамбург. Ова е за нас се разбира сите во партијата сигнал за една долга изборна година. Се покажува дека социјалдемократите ќе мораат да продолжат таму каде што завршија со Шредер. " Шефот на СПД, Франц Минтеферинг го признава поразот во Хамбург, но додава: "Дами и господа, Оле фон Бојст ги доби изборите. Успеа да ја спроведе персонализацијата на изборите. Тоа е очигледно благодарност на избирачите што тој го истера Шил. Се заборави дека тој и го донесе. Но, персонализацијата на овие избори сосема успеа. " Минтеферинг рече дека е свесен оти резултатот покажува дека политиката на сојузно ниво не добила поддршка од Хамбург, но најави: "Но, ќе се погрижиме, за 105 дена, кога се изборите за Европа, за парламент во Тирингија и редица комунални избори, да помогнеме со потстрек од Берлин за таму да се постигне успех."