1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамбургер е нов лидер

Дојче Веле23 февруари 2009

Трката за титулата во Бундеслигата останува возбудлива и интересна како никогаш досега. По 21 одиграно коло, лидерската позиција ја презеде тимот на Хамбургер, кој во дербито против Баер Леверкузен славеше со 2:1.

https://p.dw.com/p/GzZe
Марсел Јансен се радува по постигнатиот гол против Баер ЛеверкузенФотографија: picture-alliance/ dpa

Марсел Јансен беше најдобар поединец на дуелот во Леверкузен. Тој ги постигна двата гола за Хамбургер, инаку негови првенци во првенството. Тренерот Мартин Јол е задоволен од победата против Баер и тоа на негов терен: Јол беше повреден. Откога се опорави, тој за нас е еден од најважните играчи во левиот дел на одбраната, секако и кога игра во средината, што мислам дека го прави многу добро. Неговиот развој е многу воочлив„ смета Јол. Неговиот тим сега е на врвот со 42 бода. Баер Леверкузен по поразот остана на петтата позиција со шест бодови помалку од лидерот. Тренерот Бруно Лабадиа по незгодниот пораз на домашен терен изјави: „Оној кој ќе ја направи првата грешка најчесто го губи натпреварот. Ние не направивме многу грешки, но имаше неколку непотребни. Исто така не искористивме ио неколку изгледни шанси“

Есенскиот шампион, Хофенхајм, по саботното реми против Штутгарт од 3:3 ја задржа втората позиција. Тимот на тренерот Ралф Рањик, кој сега има 40 бодови, треба да биде задоволен со оглед на фактот дека бодот на гости против Штутгарт е вреден како победа: „Пред се во вториот дел мислам дека играта ја насочивме во вистинска насока. Но сепак не направивме се` како што треба, посебно во делот на поседот на топката. Меѓутоа и покрај се` мислам дека можеме да ги прифатиме нерешените 3:3“ изјави Рањик.

Келн го изненади Баерн

1. FC Köln Bayern München
Играчите на Келн радосни по триумфот во МинхенФотографија: AP

Со идентичен број бодови како Хофенхајм, но со послаба гол разлика, е тимот на Херта Берлин. Минатонеделниот лидер на табелата, беше поразен дома од Волфсбург со 2:1 и сега е на третата позиција. Најголемото изненадување на колото го приреди Келн кој на гости во Минхен го совлада големиот Баерн со 2:1. Избраниците на тренерот Кристоф Даум одиграа одличен натпревар и ги израдуваа своите симпатизери и сограѓани кои деновиве и онака се во славениќка карневалска атмосфера. Даум, по натпреварот во Минхен беше среќен: „Сеуште не можам да сватам дека го победивме тимот кој според мене ќе биде идниот германски шампион. Тоа е нешто посебно„ изјави Даум


Бранителот на титулата очигледно е во криза. Ова е трет пораз во последните четири натпревари. Големи главоболки за тренерот Јирген Клинсман пред дуелот во лигата на шампионите против Спортинг во Лисабон: „Во вакви моменти мора да се биде самокритичен и да се каже: Беше лошо“, рече Клинсман. Менаџерот на тимот, Ули Хенес, смета дека актуелната ситуација треба да се сфати сериозно: „По ова што го видовме денеска не можеме да бидеме спокојни. Во последната недела бевме опуштени бидејќи имавме добра позиција пред останатите натпревари. Загубивме натпревар на домашен терен, нводно лесен домашен натпревар и затоа то треба да го сватиме сериозно и да не се обидуваме да ги разубавуваме работите“, изјави Ули Хенес.

Интересна битка на дното

Келн по победата во Минхен се проби на десетата позиција на табелата со 28 бодови. Инаку станува се` поинтересно во битката во долниот дел на табелата. Енерџи Котбус освои многу важни три бода против Вердер Бремен кого го совлада со 2:1. Трите бода го искачија Котбус на 14-та позиција на табелата со 20 освоени бодови. Ведер, кој и натаму има проблеми во домашниот шампионат падна на 11-та позиција. По подолг период на победа се израдува и Борусија Менхенгладбах, која на „Борусија парк“ го совлада Хановер со 3:2. Победата на Борусија и донесе три бода, или вкупно 16 што сеуште е доволно за последното место. Важни бодови на контото заработи Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето во Карлсруе. Поразот од 1:0 за домаќинот значи и пад на претпосладното место на табелата со само бод предност пред Борусија Менхенгладбах. Дербито на дното се одигра во Билефелд, каде домашниот тим на Арминија одигра 1:1 против Бохум. Арминија сега е на 15 позиција на табалата со 19 бодови, пред Бохум кој има бод помалку. Премиерниот натпревар од 21-то коло се одигра во петокот во Гелзенкирхен, каде во локалното дерби Шалке 04 и Борусија Дортмунд одиграа нерешено, 1:1.

Fußball Bundesliga Energie Cottbus - SV Werder Bremen
Од дуелот Енерџи Котбус-Вердер БременФотографија: picture-alliance / dpa