Хакерски упад во владините компјутери во Берлин?
26 август 2007Реклама
Во дел од компјутерите при кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел се пронајдени повеќе тајни шпионски програми, пишуваат германските медиуми. Според информациите на „Дер Шпигел“ пронајдена е програма од типот „тројанец„ а трагите на испраќачот наводно посочуваат на Кина. Министерството за внатрешни работи не сакаше директно да ја потврди информацијата за хакерски упад во владините компјутери. Преземени се соодветни мерки за одбрана, поради што не се регистрирани штети во системот.