1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хакерски напад врз јапонскиот концерн Сони

27 април 2011

Хакери успеаја да украдат податоци од околу 77 милиони корисници на онлајн услугите на јапонскиот концерн Сони. Концернот предупредува, дека освен личните податоци, криминалците можеби украле броеви на кредитни картички.

https://p.dw.com/p/114fN
Фотографија: dapd

За Сони, кражбата на податоците е катастрофална. Пред десет дена непознати лица пробија на интернет-плаформата за најомилената конзола за играње „Плејстејшн“. На тој начин хакерите копирале лични податоци на 77 милиони членови од целиот свет. Корисниците мора да се регистрираат во Сони и притоа оставаат лични податоци, име, адреса, имејл и датум на раѓање.

Концернот на интернет веќе се извини кај своите клиенти. Меѓутоа, некои јапонски корисници се лути поради скандалот со податоци, еден од нив вели: „Се срамам. Прво земјотресот, а сега повторно вознемирувачка вест од нашата земја.“

Долго време јапонските концерни како Нинтендо и Сони со нивните конзоли беа водечки на пазарот. Новите генерации овозможуваат преку интернет да се игра со други противници. Оној кој преку мрежата купува нови игри, меѓутоа, мора да остави податоци за кредитната картичка.

Корисниците го криткуваат концернот

Datenklau bei Sony PlayStation
Фотографија: picture alliance / dpa

Досега Сони нема информации дека биле злоупотребени кредитни картички. Меѓутоа, за секоја сигурност, корисниците треба да ја информираат банката и да ја контролираат сметката. Сони, во меѓувреме, ангажираше специјализирана фирма да го реши проблемот со податоциите, а платформата веќе една недела е исклучена. Засега се’ уште не се знае кој се крие зад овој комјутерски напад.

Многумина корисници критикуваат дека предоцна биле информирани за проблемите. „Веќе една недела го истражуваат случајот, тоа е добро. Меѓутоа, мораа многу порано да ги информираат корисниците за хакерскиот напад. Така секој ќе можеше да преземе мерки.“

Сони, во меѓувреме, објавува информации преку својот блог, твитер и фејсбук. На корисниците притоа им се советува да ги сменат пасвордите, за хакерите да не можат да ги злоупотребат податоците.

По успехот на Епл и Самсунг, Сони вчера најави дека оваа есен ќе го произведе т.н. таблоид сметач, меѓутоа по овој скандал за фирмата ќе биде тешко да ја поврати довербата кај корисниците.

Автор: Нилс Кинкел/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска