1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хакерски напад врз ММФ

12 јуни 2011

Врз комјутерскиот систем на Меѓународниот монетарен фонд беше извршен хакерски напад. Постојат сомневања дека станува збор за шпионажа на некоја одредена влада. Случајот го истражува ФБИ.

https://p.dw.com/p/11Ywl
Фотографија: picture-alliance/ZB

Меѓународниот монетарен фонд беше цел на хакерски напад. Портпарол на ММФ соопшти дека Фондот отворил истрага, како дошло до сајбер нападот. Работата на оваа меѓународна институција меѓутоа не е доведена во прашање. ММФ досега нема објавено податоци, колкави се размерите на штетата. Портпарол на Светска банка соопшти дека се прекинати сите мрежни поврзувања со сестринската организација. Ова претставува мерка на претпазливост.

Logo Internationaler Währungsfond Währungsfonds
Фотографија: DW/R.Wenkel

ФБИ во меѓувреме отвори истрага. Полицијата тесно соработува со ММФ, соопшти претставник на американското министерство за одбрана. ФБИ одбива да даде какви било информации. Според интернет експертот за безбедност Том Келерман, кој работел за ММФ и Светска банка, хакерскиот напад бил насочен кон тоа, тајно да се инсталира софтвер, за на одредена држава да и овозможи пристап до инсајдерски информации на ММФ за други земји.

„Њујорк тајмс“ информираше, дека компјутерскиот систем на ММФ изминатите месеци почесто бил цел на хакерски напади. Директориумот на ММФ е информиран за нападите.

ММФ е еден вид глобален финансиски пожарникар, и ширум светот ги поддржува високо задолжените држави со кредити. Земјите на кои им се пружа помош од своја страна мора да спроведуваат непопуларни реформи. Соработниците на ММФ собираат детални финансиски податоци за земјите членки на Фондот, кои се чувствителни и со нив може дури и да се изврши влијание врз финансиските пазари. Во ММФ членуваат 187 држави.

Автор: АТ/ дв/ ртр/ афп/ дпа

Редактор: Симе Недевски