1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хакери ја нападнаа страницата на Елисејската палата

21 јануари 2012

Во знак на одмазда поради затворањето на интернет-порталот „Мегааплоуд“, групата Анонимус ја нападна страницата на францускиот претседател.

https://p.dw.com/p/13ndZ
Елисејската палата во ПаризФотографија: AP

На крајот на интернет страницатана Елисејската палата можеа да се прочитаат различни слогани на Анонимус. На англиски jaзик беа додадени и други натписи, како „Најсмешно претседателство во историјата“. Францускиот претседател Никола Саркози, претходно ја поздрави одлуката на американските власти за затворање на „Мегааплоуд“. Инаку, веднаш по затворањето на овој интернет-портал Анонимус се одмазди и во САД - хакерите неколку часа ја блокираа интернет страницата на американското мниистерство за правда, на концернот Јуниверзал мјузик, како и на Здружението на американската музичка индустрија.

Американските власти ја затворија интернет-страницата „Мегааплоуд“, еден од најголемите портали за размена на компјутерски документи на интернет, со обвинување дека првите луѓе на страницата го прекршиле законот за пиратерија. Седум лица беа уапсени, меѓу нив тројца Германци. Во обвинението се наведува дека „Мегааплоуд“ ги чинел носителите на авторски права повеќе од 500 милиони долари намалени приходи поради крадење музика, филмови и други содржини.

Автор: ЕМФ/афп/дв

Редактор: А. Методијев