Хакери упаднале во системот на НАТО
22 јули 2011Реклама
Групата хакери преку Твитер порача дека располага со околу еден гигабајт информации, кои меѓутоа нема да ги објави, бидејќи тоа би било неодговорно. Таа објави на интернет само два помалку важни документи како доказ за успешноста на хакерскиот напад. НАТО не ја потврди автентичноста на документите и најави истрага. Доколку се покаже дека групата е во право, тоа би можело да значи голема опасност за војниците на Алијансата и за цивилното население, порача гласноговорник на НАТО.
Автор: ГЧ/ЖА/дв
Редактор: Трајче Тосев