Хакери на кинеската армија упаднале во владините компјутери во Берлин?
26 август 2007Реклама
Хакери на кинеската армија најверојатно стојат зад тајните шпионски програми пронајдени во дел од владини компјутери во Берлин, пишуваат германските медиуми. Според информациите на “Дер Шпигел” во компјутери кои ги користат во кабинетот на германската канцеларка Меркел, во министерствата за надворешни, стопанство и за развој, пронајдена е програма од типот “тројанец“. Трагите на испраќачот наводно посочуваат на Кина. Министерството за внатрешни работи не сакаше директно да ја потврди информацијата за хакерски упад во владините компјутери. Преземени се соодветни мерки за одбрана, поради што не се регистрирани штети во системот.