Хаг осуди двајца поранешни функционери од Република Српска
27 март 2013Поранешните високи функционери во Република Српска се осудени за спроведување кампања за чистење на Босна од Муслимани, Хрвати и сите останати не-Срби за време на војната во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.
Стојановиќ и неговиот подреден Жупљанин се осудени на поединечни казни затвор од по 22 години. Стојановиќ за време на војната бил министер за внатрешни работи во Република Српска, а Жупљанин началник на Центарот за безбедност во Бања Лука. Тие беа обвинети за протерувања, убиства и нечовечки дела направени над босански и хрватски цивили.
Обвинителството за двајцата бараше доживотна казна затвор, а одбраната ослободителни пресуди. Двајцата се наjвисоки функционери од Република Српска кои учествувале во војната и се осудени како учесници во здружено злосторничко делување.